20 килограми кокаин запленети во Србија – уличната вредноста на дрогата достигнува и до 5 милиони евра

Од:

Во српскиот град Бачка Паланка запленети се околу 20 кг кокаин. Вредноста на запленетите дроги на уличниот пазар е околу еден милион евра.

Сепак, оваа вредност може да достигне петкратно поголема бројка, бидејќи со мешање и зголемување на масата во сооднос од 1 спрема 5 во малопродажбата, достигнува вредност од 5 милиони евра.

Последната поголема заплена на кокаин беше кон крајот на април кога полицијата во Нови Сад заплени 17 килограми кокаин и во таа прилика уапси три лица: Н.С.(1985) и Д.П.(1995) од Смедерево и Л.С.(1991) од околината на Белград.

Тие се осомничени за кривично дело неовластено производство и дистрибуција на наркотични дроги.

Криминалистичката полиција на Нови Сад пронашла кокаин во реонот на Младеновац, во камионот до кој биле пронајдени осомничените.

Сите тројца се приведени до 48 часа и ќе бидат приведени во Вишото јавно обвинителство во Белград со кривична пријава.

Би можело да ве интересира

Возач на камион од Македонија загина кај Лесковац

Катерина Ѓуровски

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Србија отвори фабрика за израелски дронови, најавени уште три низ земјата

(ВИДЕО) Безобѕирно возење на српските патишта – еден се движи со 185, а другиот со 211 километри на час

А1он

Бегалец од Србија уапсен во Виена – пред седум украде голема сума пари, па побегна во Германија

А1он

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“