СДММ: Дали 5 милиони евра е дилот за Гета, Владата да каже колку пари ќе платат граѓаните

Од:

Граѓаните плаќаат а владата крие колку чини концертот на Дејвид Гета за независноста. Наместо да заобиколува и да се крие зад некакви договорни клаузули, Владата има обврска јавно да каже колку ќе ги чини граѓаните, кажа Кристијан Дојчиновски од СДММ на прес-конференција.

– Ова само ги подгрева сомнежите дека станува збор за дил во четири очи позади кој се кријат дебели провизии. Сите детали мора да бидат јавно објавени. Ние не сме против Дејвид Гета и негов настап, не сме против концерти и прослави. Ние сме против криминал, против криење информации и лапање пари зад грбот на народот за милионски провизии. Настапот на Дејвид Гета чини најмалку 1 милион евра и оваа сума е само за него. Дополнителни трошоци има се за бини, озвучувања, обезбедување, придружни актери – што уште повеќе ја крева сумата.

Граѓаните имаат право да знаат колку пари ќе се потрошат, од каде се обезбедени парите, зошто немаше јавен повик и тендер, како е одлучено фирмата „Авалон“ да организира државна манифестација – фирма која е со блокирана сметка и е секој пат на листата на должници на УЈП. И најважно, Владата мора да одговори како е дозволено продажбата на билетите за државен настан да оди преку „Авалон“? Каде завршуваат овие пари и по кој основ токму оваа фирма е вклучена во организацијата и продажбата? Дополнително, познато е дека вакви светски музички имиња бараат високи авансни исплати и до 30% уште пред одржувањето на концертите. Дали веќе се исплатени пари по овој основ, колку и на кој начин? Се најавуваат и останати 120 артисти – кој одлучува кои артисти ќе бидат донесени? Фирмите кои што се занимаваат со ваков тип на настан веќе шпекулираат дека сумата што е договорена е над 3 милиони евра а може да достигне и до 5 милиони евра. Независноста на државата треба достоинствено да се одбележува, а не криминалната организација ВМРО, да го корумпира и валка со матни пари и Денот на независноста, рече Дојчиновски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Распишете референдум, граѓаните нека одлучат дали сакаат нивните деца да платат цена за Мицкоски

СДСМ: Нема пари за референдум, но има за тендери и луксуз

Владата одлучи: Нема да трошиме време и пари на референдум за европскиот пат

Горан Наумовски

СДСМ: Министерката за финансии прво повикува на средба, а потоа бега

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата, животниот стандард е влошен