Европол: Разбиена е мрежа што шверцуваше Кубанци

Од:

Осум лица се уапсени во Шпанија, вклучувајќи двајца осомничени водачи на групата, кои организирале шверц на кубански државјани во Шпанија преку регионот на Западен Балкан, а се осомничени и за измама со документи и перење пари, објави денес Европол.

Криминалната мрежа, искористувајќи го безвизниот режим меѓу Куба и Србија до април 2023 година, организирала шверц на кубански државјани во Европа преку Србија, а била разбиена од страна на Шпанската национална полиција Европол и Дирекцијата за криминална полиција на Република Србија (Дирекција за кривична полиција). Криминалната организација, која работи од Шпанија и Србија, наводно е вклучена и во измама со документи и перење пари.

Како што се наведува, криминалната мрежа им нудела на мигрантите „патнички пакет“ кој вклучувал авионски билети, покани, здравствено осигурување и хотелски резервации за да симулира легално патување.

Би можело да ве интересира

Европол: Десет членови на криминалната организација „Црна секира“ уапсени во Швајцарија

Европол откри мафијашки нарко „синџир“ преку следење на паричните трансакции

Разбиена мрежа за дрога – повеќе од 100 уапсени во Украина, Полска и Молдавија

А1он

Голема операција на Европол: Разбиена криминална група вмешана во големи измами низ Западна Европа

ВИДЕО: Европол урна огромна хакерска мрежа

МВР: Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат сомнителни пораки

А1он