Претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Калибаф, е реизбран на својата функција седма година по ред.
Калибаф беше избран со мнозинство гласови, наспроти двајца противници, објави Тасним. Калибаф беше на чело на законодавниот дом четири години од 11-тиот состав на парламентот и две години од 12-тиот состав на парламентот.
Президумот на парламентот има 12 места, од кои едно е резервирано за претседателот, две за потпретседателите, шест за секретарите и три за набљудувачите на Президиумот.
Членовите на Президиумот на парламентот се избираат со мандат од една година, а следните избори ќе се одржат на годишнината од изборот на Президиумот.
