Бројот на повредени во рускиот напад врз Киев се искачи на 81 – двајца загинаа

Од:

Бројот на повредени во масовните воздушни напади на руските сили врз Киев се искачи на 81, додека две лица починаа, објави денес градоначалникот на украинскиот главен град, Виталиј Кличко.

Кличко изјави на Телеграм дека меѓу повредените има три деца. Како што наведе, 31 рането лице, вклучувајќи две деца, се наоѓаат во болниците во Киев.

Обвинителството на градот Киев објави на Телеграм дека еден 86-годишен маж и една 44-годишна жена починале.

Вкупно 50 локации беа оштетени во рускиот напад, објави агенцијата Укринформ.

Меѓу оштетените згради се станбени и приватни куќи, трговски центри, образовни институции, пазар, административни згради на Државната служба за вонредни состојби и полицијата, Националниот музеј посветен на Чернобил, како и други локации.

Претходно, медиумите објавија дека 77 лица се повредени во нападот на руските сили, додека две се убиени.

Би можело да ве интересира

Москва: Спречен е напад на Киев врз руски воени аеродроми

Ракетни напади врз Киев и Одеса

Киев го отфрли мировниот план на Трамп од 28 точки

Горан Наумовски

Христофору: Киев пред Анкара без стариот моментум, руските напади го променија тонот на разговорот

„Фајненшл тајмс“: Вашингтон му помага на Киев да ја пробие руската воздушна одбрана

Русите го нападнаа Киев, има мртви и ранети