Определен притвор од 30 дена за возачот на камион кој удри во патничко возило и усмрти четворица

Од:

Кривичниот суд во Скопје го прифати предлогот на обвинителот и на возачот на камионот кој ја предизвика сообраќајната несреќа на обиколницата кај Скопје му определи 30-дневен притвор.

– Доцна синоќа е определена мерка притвор на осомничениот за сообраќајката на обиколница, поради опасност од бегство и можност за повторување на кривичното дело, соошти денеска Кривичниот суд.

Обвинителството бараше притвор за возачот поради можност од бегство и да го повтори делото. Седумдесет и шестгодишниот возач од Косово е осомничен за кривичното дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик (КЗ).

Во информацијата од Обвинителството се наведува дека возачот не ја прилагодил брзината спрема условите на патот и изгубил контрола над возилото по што ја скршил металната ограда и преминал на другата страна од автопатот по што директно се судрил со патничкото возило „БМВ“.

Во несреќата загина 51-годишниот баритон Ристе Велков, неговиот 20-годишен син и уште две момчиња на 20 години.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

Во изминатото деноноќие 11 пријави за семејно насилство на територија на државата

Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

Левица: Извештајот на Европската комисија забележува дека ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт за партиска контрола и нетранспарентно трошење