(ВИДЕО) Објавени нови документи за необјаснети феномени во САД

Од:

Соединетите Американски Држави денес објавија втора серија претходно класифицирани документи за наводни видувања на неидентификувани летачки објекти (НЛО). Документите содржат изјави од луѓе кои пријавиле необјаснети зелени сфери, дискови и огнени топки, објави Скај њуз.Првата серија документи беше објавена претходно овој месец, на 8 мај.

Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, изјави дека документите, фотографиите и видеата од она што официјално се нарекуваат „неидентификувани необјаснети феномени“ со години поттикнуваат шпекулации.

„Време е американскиот народ да го види тоа со свои очи“, рече тој во соопштението.

До денес се објавени вкупно 222 документи, објави Скај њуз.

Би можело да ве интересира

Поранешна обвинителка e обвинета дека сама на себе си испраќала тајни извештаи за Трамп

Ердоган го поддржува продолжувањето на примирјето меѓу САД и Иран

Лавров: САД делумно го изгубија интересот за украинското прашање

Иран и САД постигнаа договор – нацртот е готов, ќе биде објавен за неколку часа

Трамп: Во последен момент го запрев нападот врз Иран

САД: Иран мора да преговара или ќе се соочи со нови напади