Можеби ја изгубив косата, но добив злато

Од:

Олимписките игри се вистински расадник за херојски приказни, на луѓе кои изгубиле многу во животот, но потоа се издигнале како феникс од пепелта редејќи спортски успеси.

23 годишната велосипедистка од Велика Британија, Јоана Росвел, поради ретко заболување, на дест годишна возраст останала без својата коса. Но, тоа секако не само што не ја спречило, туку и ја потикнало да го брка својот сон и од Олимпијадата во Лондон да замине со злато.

Јоана на десет годишна возраст прво приметила како и паѓаат влакната на веѓите. До нејзиниот единаесети роденден таа повеќе немала ниту ендо влакно на главата и телото.
Таа изјавила како долго време била преокупирана што повеќе не е златокоса девојка. Но потоа се појави велосипедизмот и јас најдов на што да се фокусирам, наместо на проблемите со косата. – изјавила Јоана

„Повеќе не ми беше важно, како изгледам“ – им раскажа Јоана на новинарите држејќи го во своите раце златниот медал.

Таа и нејзините колеги од тимот, Дани Кинг и Лаура Трот се изборија за златен медал во тимски велосипедизам, токму на денот кога светот го одбележуваше денот во борба против алопкесијата – мистериозната болест која се појавила и кај Јоана.

Би можело да ве интересира

Полска сака да биде домаќин на Олимписките игри во 2040 или 2044 година

Ватерполистите на Србија ја победија Америка и се пласираа во финалето

Ѓоковиќ го освои олимпиското злато и ја комплетираше колекцијата на најголемите тениски трофеи

Предраг Петровиќ

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он

Спортистите од Русија и од Белорусија ќе добијат забрана и за Олимписките Игри во Париз?