Филипче: Каква широка влада, каква коалиција, јасно кажав – поддршка за европските интеграции и реформите

Од:

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, преку објави на социјалната мрежа X ги отфрли шпекулациите за можна широка влада или коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, нагласувајќи дека неговата партија дава поддршка исклучиво за европските интеграции и реформите.

„Каква широка влада? Кој зборувал за влада и коалиција? Јасно кажав – поддршка за европските интеграции и реформите. Да влеземе во тендер коалицијата на Мицкоски? Од каде некому му падна на памет таква идеја? Ние не преговараме за фотелји и позиции. Ние зборуваме за иднината на Македонија во Европската Унија. Реформи сега. Малцинства во Уставот сега. Европа сега“, напиша Филипче.

Во друга објава, тој се осврна на евроинтегративниот процес и односите со Бугарија, оценувајќи дека премиерот Христијан Мицкоски дава ветувања кои не ги исполнува.

„Бугарија е јасна: Францускиот предлог е на маса. Нема што Мицкоски да ветува – секое негово ветување завршува со неисполнување. Уште девет дена до 1 јуни и уште едно неисполнето ветување за Реформската агенда. Граѓаните веќе не веруваат во зборови. Сакаат резултати“, порача Филипче.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски нема ниту еден резултат, реконструкцијата е само замена на имиња и нема да смени ништо

Филипче: Буџетот е празен, ребалансот е тотален дебакл на Мицкоски

А1он

Филипче: Нема да дозволиме изборен грабеж, нашиот став е принципиелен

Филипче: Горан Герасимовски го номинирам за нов потпретседател

Филипче: Нема да дозволиме изборна кражба!

А1он

ВИДЕО: И СДСМ ќе го блокира Изборниот законик, Филипче вели дека отвора врата за изборна кражба