Франсоа Оланд најави можно враќање во Елисејската палата

Од:

Поранешниот француски претседател Франсоа Оланд навести дека би можел да се кандидира за претседател во Франција во 2027 година, велејќи дека се „подготвува“ за политички момент за кој вели дека е од историско значење.

– Се подготвувам. Влоговите се огромни, историски, за Франција, но не само за Франција, рече Оланд во интервју за француското списание „Маријана“.

Според него, светот е длабоко поделен, Европа е во превирања, а демократијата е под сериозна закана. Оланд посебно посочи на подемот на десничарскиот Национален собир, за кој рече дека има амбиција да победи на следните претседателски избори.

„Останувам граѓанин, секако со различно искуство од другите, зајакнат од одговорноста што ја понесов. Граѓанин кој нема да се откаже, кој има јасна визија и кој ќе ги види работите до крај“, рече Оланд.

Тој додаде дека ќе продолжи да учествува во политичкиот живот по 2027 година, што дополнително ги разгоре шпекулациите за неговото можно враќање во трката за Елисејската палата.

Франсоа Оланд беше претседател на Франција од 2012 до 2017 година. По мандат обележан со пад на популарноста, во 2016 година тој одлучи да не се кандидира за втор мандат, додека некои анкети во тој период го регистрираа неговиот рејтинг на само четири проценти поддршка.

Оланд оттогаш се врати во активната политика како пратеник од Корез, каде што беше реизбран на парламентарните избори во 2024 година.

Би можело да ве интересира

Папата првпат после 18 години во официјална посета на Франција

А1он

Француската крајна десница го менува тонот кон Москва

Макрон: „Франција беше мета на руски хибридни напади“

Татко на ученик осуден на шест месеци затвор: „Ќе ти ја отсечам главата“

(ВИДЕО) Скандал во Франција: Снимени се полицaјци како упатуваат расистички и екстремистички коментари

Горан Наумовски

Десетина полицајци се разболеa од загадена вода во нова полициска станица