Лажниот доктор од Охрид доби казна затвор од пет години и шест месеци, а од измамените осум граѓани зел околу 56.000 евра

Од:

Пет години и шест месеци е изречената затворска казна за П.С од Охрид, кој во јануари годинава успеал да измами осум повозрасни граѓани од Штип и Виница, со приказната за лажниот доктор, односно дека се потребни пари за операции на нивните деца или внуци поради скршеници. За само еден месец на граѓаните успеал да им земе 56.000 евра.

Портпаролот на Основниот суд-Штип, воедно и претседател на Кривичниот совет, судијата Сашко Георгиев информираше дека денеска е објавена пресудата против П.С. од Охрид за кривично дело измама. Во писменото соопштение Георгиев наведува дека продолженото кривично дело е сторено кон осум оштетени граѓани од Штип и Виница во период на јануари 2026 година.

– На начин што телефонски се јавувал на лица од постара возраст и им прикажувал лажни факти за штетата на својот имот, доведувајќи ги во заблуда и кажувајќи им дека нивната ќерка има скршеница на нога и оти е потребна итна операција и за тоа се потребни пари. Штетата за сите осум оштетени изнесува 3.472 906 денари или околу 56.000 евра, соопшти Георгиев.

Судот одлучи и притворот за лицето П.С. од Охрид да биде продолжен се до правосилноста на пресудата.

Би можело да ве интересира

Мртов маж е пронајден во стан во Охрид

(ВИДЕО) За „влакно“ избегната трагедија во Охрид: Параглајдерист за малку ќе удреше во мајка и дете

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Жарко Грозданоски од Тетово го уби охриѓанецот Климе Митрески поради имот вреден над 1 милион евра

А1он

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

Лажен лекар измами жена за 3.000 евра

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра