Група пратеници од Словенечката демократска партија (СДС) денес го номинираа лидерот на партијата Јанез Јанша за следен премиер на Словенија.
Се очекува Јанша да ја формира својата четврта влада со сродни партии од десниот центар и сојуз предводен од Нова Словенија, како и со поддршка на партијата Ресница, објави СТА.
Номинацијата на Јанша за премиер беше поднесена до Народното собрание со потписи од 48 пратеници.
