(ВИДЕО) Кузмановска: ВМРО удри и по студентите, се намалуваат стипендиите, поскапува сместувањето во студентските домови

Од:

Криминалната ВМРО удри и по студентите. Наместо подобрување на студентскиот стандард, власта најде начин како да скрати и од студентите, додека вртат милионски криминални тендери. Новите измени на Законот се директен удар врз студентскиот стандард. Се намалуваат стипендиите за социјални категории, поскапува сместувањето во студентските домови. За прв пат се воведува категоризација на студентските домови во два типа – Тип 1: Енергетски ефикасни и реконструирани објекти и Тип 2: Постојни, односно нереновирани студентски домови, изјави Стефанија Кузмановска од СДММ.

– Во превод – богатите ќе можат да престојуваат во реновирани домови со подобри услови, а сите останати во старите и нереновирани домови. Власта крати и од поддршката на студентите за сместување и исхрана. За домовите од Тип 1, наместо досегашните 50%, државата ќе покрива само до 40% од трошоците. За домовите од Тип 2, партиципацијата останува до 50%. Наместо еднакви услови за сите, ВМРО создава двокласен систем во високото образование – студенти од привилегирани семејства и студенти кои ќе мора да се снаоѓаат како знаат и умеат.

Со измените власта ја укинува и мерката донесена во ковид кризата од СДСМ – нема повеќе поддршка до 6.000 денари за приватно сместување или меѓуградски превоз за студентите. Дополнително, власта ја крати можноста за повеќе стипендии за социјално ранливите категории на студенти – оние на кои им е најпотребна. Од вкупниот број на стипендии наместо како досега 49%, сега 40% ќе бидат за студентите од социјално ранливи категории. За ваква ли грижа за младите зборува Мицкоски? Со кое лице им вели на младите „не се иселувајте“, кога истиот тој ја крати поддршката,создава систем во кој образованието станува привилегија, а не право?

Јасно е дека на ВМРО не му се важни студентите, важно им е само да најдат начин како да украдат повеќе пари за нивните криминални тендери и луксузи. Со оваа власт, на која не и се важни студентите, младите ќе си заминуваат од државата уште порано, барајќи подобри услови, поголема сигурност и поправеден систем на странските универзитети. Ударот врз студентите е удар врз иднината на државата. Социјалдемократската младина на Македонија бара итно повлекување на ваквото неправедно законско решение. Оваа расипничка и криминална власт ни ја одзема и последната надеж дека тука може достоинствено да се образуваме, да живееме, и да напредуваме. Затоа младите се приклчуваат на Фронтот за вистина и правда, затоа ни треба Европа. Членството во ЕУ за нас значи еднакви услови и вистинска поддршка – а не политики што ги делат, осиромашуваат и понижуваат студентите, кажа Кузмановска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата бега од европските стандарди и реформите

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче продолжува со политиките на отстапки кон Бугарија

СДСМ: Мицкоски раскажува бајки – Македонија е шеста најсиромашна земја во Европа

Фрчкоски: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф – омилената фирма на власта

А1он

(ВИДЕО) Манасков: Булинг, ножеви и тепачки во училиштата, СДСМ бара одговорност од Јаневска и директорите

ВМРО-ДПМНЕ: Ислам Абази стана џелат на правдата и ги спасува криминалците од СДС и ДУИ