Лавров: ОН треба да реагира на прогонот на Украинската православна црква

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го повика високиот претставник на Обединетите нации за Алијансата на цивилизациите, Мигел Анхел Моратинос, да одговори на наводниот прогон на канонската Украинска православна црква (УПЦ), објави денес руското Министерство за надворешни работи по состанокот во Москва.

Во соопштението на руското Министерство се вели дека на шефот на Алијансата на цивилизациите му е упатен „итен повик“ да одговори на ситуацијата поврзана со, како што тврди Москва, притисокот врз канонската православна црква во Украина.

„Беше изразена надеж дека Алијансата на цивилизациите под водство на Мигел Анхел Моратинос ќе придонесе за неутрализирање на сериозните предизвици на модерната ера, кои се карактеризираат со недостаток на доверба и растечка фрагментација во услови на зголемени меѓународни тензии“, се вели во соопштението, пренесе ТАСС.

Руското министерство нагласи дека Москва придава големо значење на развојот на „плодни и меѓусебно корисни односи“ со Алијансата на цивилизациите, која ја гледа како „универзална и деполитизирана платформа“ во рамките на системот на ОН, наменета за соработка заснована на рамноправност и почитување на различните религии, култури и традиции.

Би можело да ве интересира

Европа останува без пари за Киев

Зеленски: Украинските сили нападнаа три нафтени терминали во руската област Ставропол

Зеленски: Извршен е еден од најмасовните ракетни напади врз Киев

НАТО можеби нема да може да го исполни ветувањето од 140 милијарди евра за Украина

(ВИДЕО) Русите започнаа брутален напад: Киев е во пламен

(ВИДЕО) Киев e под најтешкиот ракетен напад од почетокот на конфликтот

Горан Наумовски