Филипче најави „Фронт за вистина и правда“

Од:

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција го најави Фронтот за вистина и правда, посочувајќи дека во него се вклучуваат различни општествени групи и политички субјекти, обединети околу вредностите за Европска Македонија.

„Денеска го објавувам фронтот за вистина и правда кој го сочинуваат опозициски партии, граѓански организации, невладини организации, видни интелектуалци, поединци, независни активисти, млади, сите обединети околу вредностите за Европска Македонија“, посочи Филипче.

Филипче нагласи дека процесот на објавување на учесниците ќе се одвива постепено и во фази.

„Кој сè е дел од тој фронт, ќе објавуваме во фази, постепено. Јас во име на фронтот ќе ги презентирам идеите и принципите, како и главните програмски столбови“, појасни Филипче.

Филипче објасни и дека дел од учесниците засега нема да бидат објавени за да се избегнат притисоци и да се поштедат луѓето од црната кампања на ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на СДСМ ги претстави и основните столбови на програмата на заедничкиот Фронт.

„Нашата заедничка програма, Фронт за вистина и правда, има четири главни столбови. Прво, нулта толеранција за корупција и европска правда. Второ, иднина за младите. Трето, достоинствен живот за сите, подобар животен стандард. И четврто, силно село и земјоделци“, изјави Филипче.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски нема ниту еден резултат, реконструкцијата е само замена на имиња и нема да смени ништо

Филипче: Буџетот е празен, ребалансот е тотален дебакл на Мицкоски

А1он

Филипче: Нема да дозволиме изборен грабеж, нашиот став е принципиелен

Филипче: Горан Герасимовски го номинирам за нов потпретседател

Филипче: Нема да дозволиме изборна кражба!

А1он

ВИДЕО: И СДСМ ќе го блокира Изборниот законик, Филипче вели дека отвора врата за изборна кражба