Авион со 132 патници излета од пистата на аеродромот во Сплит

Од:

Инцидент се случи денеска на аеродромот во Сплит за време на полетувањето на авион на „Кроација ерлајнс“.

Како што објави „Далмација Данас“, авионот требало да полета кон Франкфурт, но од непознати причини заврши надвор од пистата, на тревната површина покрај пистата.

Според првите информации, се се случи за време на постапката на полетување, под сè уште нејасни околности.

Во овој момент не е познато дали има повредени, ниту колкава е материјалната штета на авионот.

Од аеродромот во Сплит беше потврдено дека сè се случило околу 13:30 часот на летот за Франкфурт.

Во авионот имало 132 патници и пет члена на екипажот.

Сите беа безбедно евакуирани веднаш по инцидентот, додека техничките служби работат на отстранување на авионот од пистата.

Би можело да ве интересира

Американски шпионски авион „исчезна“ за време на патрола во близина на Русија

Германските истражители идентификувале двајца осомничени за нападот со дрон во Лајпциг: Трагите водат кон Русија

Земјотрес во Хрватска

А1он

Авион принудно слета во Белград: Во тоалет е пронајден мртов патник

Драма на летот за Ливерпул: Избувна масовна тепачка, авионот слета принудно

Горан Наумовски

Драма на небото над Шумадија: Авионот не можеше да слета поради силна бура