Уапсете ги сите организатори и учесници ако сакате да покажете дека не сме тиња од држава

Од:

Среде бел ден, во центар на град, јавно се коле и жртвува животно за „среќа“ при изградба на зграда, додека луѓе гледаат, снимаат и молчат како тоа да е нормална појава во 2026 година; а други се шокирани и истраумирани од она на што сведочат во 21 век, реагираат од Анима Мунди, Здружение за заштита на животните.

Паралелно, гледаме уште една болна слика на општествен распад- луѓе што се фотографираат со заклани свињи во двор, се фалат на Фејсбук, промовираат и нормализираат насилство, додека публика во коментари им честита.

Постојат луѓе што работат во кланици од сиромаштија и нужда, и многумина психички се распаѓаат од хоророт на кој секојдневно се изложени. А овде гледаме нешто уште пострашно; луѓе што не само што не чувствуваат тежина, туку уживаат, се фотографираат и се фалат со страдањето, касапењето и смртта на свесни живи битија.

Ова не може да е традиција и никако не може да се третира како нормалност.

Тоа е општествена девијација и морбидна потреба насилството да се нормализира и претвори во слава.

И не, ова не смее да се релативизира и спакува како обичај , или наш менталитет.

Општество што ужива во туѓо страдање независно дали се работи за човек или животно опасно се деградира, социолошки, психолошки деформира, ја губи емпатијата и чувството за граница помеѓу човечност и бруталност. Се обезличува и нема сенс за туѓо страдање. Бараме итна реакција и најстроги санкции.

Бараме одговорност за секој што организира, учествува, промовира и јавно слави вакво насилство.

Ако МВР итно не реагира и не ги уапси сите инволвирани, ако ваквите чинови на суровост се третираат како тековност, нормалност, тогаш не пропаѓаат само животните. Пропаѓаме сите! Ако е така, воопшто не треба да не чуди што секојдневието ни е буквално црна хроника – читаме и слушаме за злоставувања, насилство, убиства секој ден! Го повикуваме министерот јавно да соопшти кои се завршниците по овие случувања и најсурово постапување со животните, наведуваат од Анима Мунди.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: Новиот закон за игрите на среќа e за заштита на албанското семејство

Aпел за собирање парични средства за операција на Нина

Предраг Петровиќ

Тврдењето за непотребни операции на срцe ја губи основата: Eкспертите посочиле сомнителна дијагностичка евалуација

Кристофер Хил: Европа го сака Балканот, не ги сака балканските проблеми

Бугарската министерка за надворешни работи предупредува на застој во евроинтеграцијата на Македонија

Врховен суд ќе одлучува дали Доведен ќе биде изземена од предметот со петгодишното дете

Предраг Петровиќ