Денеска облачно со сончеви периоди, наместа пороен дожд и ветер

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Наместа ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната од 20 до 26 степени.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, а во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи.

Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот.

Локално ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во сабота се очекуваат поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m2), грмежи, засилен до силен ветер (над 70 кm/h) и услови за појава на град.

Во недела ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Би можело да ве интересира

Денеска сончево со мала до умерена локална облачност

Ноќеска дожд, утре променливо облачно и постудено, наместа ветер над 60 км/h

Денеска облачно со повремен локален дожд

Променливо облачно, со локален дожд

Најмногу дожд наврна во Гевгелија 18 литри на квадратен метар

За викендот дожд, ветер и заладување