Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека Ерусалим ќе остане под израелска контрола „засекогаш“, нагласувајќи дека државата Израел е „посилна од кога било“, додека во исто време „режимот во Иран е послаб од кога било“.
– Ќе продолжиме да се бориме против сите закани од радикалниот ислам, рече Нетанјаху на церемонијата по повод Денот на Ерусалим, објавува „Тајмс оф Израел“.
Според него, доколку Израел не покренеше војна против Иран во јуни минатата година и во февруари оваа година, „Иран денес ќе имаше нуклеарна бомба“.
