Мицкоски и Савески разговарале телефонски, ама за детали за предметот со мазутот не станало збор

Од:

Од Јавното обвинителство попладнево соопштија дека премиерот Христијан Мицкоски телефонски разговарал со државниот јавен обвинител Ненад Савески, но нагласија дека одлуките во предметот за набавките на мазут ги носи надлежниот обвинител за организиран криминал и дека мора да се почитува независноста на обвинителството.

„Јавниот обвинител на РСМ не може да спречи некого да му се јави телефонски. Вчера за првпат воопшто телефонски му се јави Претседателот на Владата на РСМ, но во разговорот во ниту еден момент не стана збор за детали од конкретен предмет, вклучително и за предметот за кој покажувате интерес. На прашање на Претседателот на Владата, во разговорот му беше кажано истото она што вчера беше јавно објавено од обвинителството во медиумите – дека предметот не е рефериран во републичкото обвинителство и дека државниот јавен обвинител за одлуката дозна по нејзиното донесување“, се вели во соопштението од обвинителството.

Од Обвинителството посочуваат дека одлуките во предметот ги носи надлежниот јавен обвинител од Обвинителството за организиран криминал, нагласувајќи дека сите институции и чинители треба да ја почитуваат уставно загарантираната независност на Јавното обвинителство.

“Имено согласно чл.3 од Законот за јавното обвинителство, обвинителството се организира според принципите на хиерархија и субординација, но почитувањето на овие принципи не смее да ја загрози самостојноста и одговорноста на секој јавен обвинител во вршењето на функцијата. Уставно загарантираната самостојност на Јавното обвинителство се обврзани да ја почитуваат сите“, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Филипче: Мицкоски и Муцински ја кријат вистината, уставните измени се европско, а не билатерално прашање

Мицкоски: Го избираме потешкиот пат кон ЕУ, покусиот е полн со понижувачки предизвици

Катерина Ѓуровски

Мицкоски на Самитот на Македонија 2025: Поврзување на државата за поголем економски раст

Мицкоски го откри споменикот на хероите Македонци од Туминец, Преспа и Мала Преспа и порача дека повеќе од кога ни е потребно обединување

ВИДЕО: Мицкоски е лажго, идентитет е најсилен кога е дел од Европа, а не кога е затворен во изолација и сиромаштија, вели Филипче

Телохранителот на Мицкоски ја давел сопругата пред очите на малолетната ќерка

А1он