Сибиха: Еден ден војна ја чини Украина 450 милиони долари

Од:

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха денес изјави дека еден ден војна со Русија ја чини Украина околу 450 милиони долари, нагласувајќи дека најтешката цена што ја плаќа земјата е загубата на животите на украинските војници.

Зборувајќи на конференцијата „Стратешка арка“ организирана од Полскиот институт за меѓународни односи (PISM), Сибиха рече дека Украина е „многу блиску до моментот кога времето би можело да почне да работи во нејзина корист“, објави УНИАН.

Според него, руската економија покажува знаци на ранливост, додека поддршката за рускиот претседател Владимир Путин во Русија, тврди тој, „опаѓа“.

„Гледаме дека нешто се случува таму. Имаме наши разузнавачки податоци и проценки за нашите партнери“, рече Сибиха, додавајќи дека Украина сака да го зголеми притисокот врз Русија со различни средства за да се стави крај на војната.

Украинскиот министер оцени дека тековната година може да биде клучна за постигнување мир, но нагласи дека Украина сè уште трпи огромни финансиски и човечки загуби, пренесува Танјуг.

„Највисоката цена е крвта на украинските војници“, рече Сибиха.

Изјавите на Сибиха дојдоа откако Институтот за проучување на војната процени дека во моментов нема индикации дека Русија планира наскоро да ја заврши војната, и покрај претходните сигнали од Москва за можен крај на конфликтот.

Би можело да ве интересира

Доаѓа нова рунда преговори за завршувањето на војната во Украина, потврди Москва

A1on

Рубио: САД нема да дозволат непријателски бази на 145 километри од нивниот брег

Киев ќе купи ракети „Патриот“ за 3,2 милијарди евра

Четири лица, меѓу кои и едно дете се убиени во Новоросијск

Бесент: Обновата на Украина ќе биде огромен проект, сличен на повоената обнова на Германија

Мерц: Обидот за напад со дрон во Лајпциг е подготвуван со месеци во Русија

Горан Наумовски