Измама со билети вредни милион долари во познатиот Лувр

Од:

Вработен во музејот Лувр во Париз е уапсен и изведен пред истражен судија под сомнение дека е поврзан со широка мрежа за измами со билети, како дел од истрага во која се вклучени неколку лица, соопштија француските обвинители.

Истрагата, започната во јуни 2025 година, се однесува на наводна измама вредна повеќе од 10 милиони евра во Лувр, во еден од најпосетуваните музеи во светот, објавува „Ле Фигаро“.

Според обвинителите, досега се обвинети девет лица, вклучувајќи вработени во музејот и туристички водичи, додека мрежата е осомничена дека работела со години и им дозволувала на туристички групи да влезат со повеќе билети.

Едно од овие лица е обвинето за организирана измама, фалсификување, помагање и поттикнување на влез и движење на странска државјанка како дел од организирана група, активна корупција, перење пари и учество во криминална организација, по што тоа лице е притворено.

Француските власти тврдат дека некои од осомничените, вклучувајќи ги и вработените во Лувр, користеле фалсификувани или дупликати билети за да го организираат нелегалниот влез на групи, додека дел од нелегално стекнатите пари наводно биле инвестирани во недвижности во Франција и во странство. Истрагата продолжува, а обвинителството не ја исклучува можноста за нови апсења и проширување на случајот.

Би можело да ве интересира

Пензионерка остана без 17.000 евра – наседна на лажно ветување за заработка од криптовалути

А1он

Тетовка измами маж, го излажа дека е бремена и му зема 18.000 евра

Татко и ќерка со години мамеле галерии со лажни дела на Пикасо и Бенкси

Измама во Битола: Зеле пари и злато за лажна операција

Горан Наумовски

Кривична за двајца службеници од Кривичниот суд, едниот е во затвор, другиот во домашен притвор

Горан Наумовски

Македонски државјанин „глумеше“ хирург, па измами граѓани на Белград за 100.000 евра