МНР на бугарскиот амбасадор Радуков му упати усен демарш поради употреба на терминот „северно-македонски“

Од:

На бугарскиот амбасадор Жељазко Радуков денеска во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија денеска му бил упатен усен демарш поради употреба на терминот „северно-македонски“, потврдија од МНРиНТ.

– Денеска, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија беше повикан вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Бугарија во Република Северна Македонија, Жељазко Радуков, се вели во информацијата од Министерството.

На средбата, додаваат оттаму, му бил упатен усен демарш во врска со несоодветното адресирање од страна на министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Весислава Петрова Чамова, која во својата вчерашна изјава за време на Советот на министри за надворешни работи на Европската Унија употреби несоодветна и неправилна придавка изведена од името на нашата држава, користејќи го изразот „северно-македонски партнери“.

Министерот Тимчо Муцунски вчера демантираше дека имал билатерална средба со новоименуваната министерка за надворешни работи на Бугарија, Весислава Петрова Чамова, појаснувајќи дека станувало збор за кратка размена на зборови на маргините на настан. Тој исто така реагираше и на користењето на терминот „северномакедонски“ во изјавата на бугарската министерка, оценувајќи го како неточен и несоодветен.

Би можело да ве интересира

Уапсени две Бугарки во Крагуевац – крадеа паричници

А1он

Вонредна состојба во југозападна Бугарија: Поројни дождови ги поплавија населбите

(ВИДЕО) Иран: Немаме проблем со Бугарите, но имаме право да го нападнеме изворот на агресијата против нас

Крум Ефремов ќе биде македонски амбасадор во Софија

Катерина Ѓуровски

Украина: Не го насочивме дронот кон Бугарија

Паника во Бугарија: Тешко вооружен дрон експлодира на бугарска територија