Путин: „Сармат“ е најмоќниот ракетен систем во светот

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека руската интерконтинентална балистичка ракета „Сармат“ е најмоќниот ракетен систем во светот, додека командантот на руските стратешки ракетни сили Сергеј Каракаев изјави дека „Сармат“ ќе биде оперативен до крајот на годината.

Путин рече дека „Сармат“ може да се движи не само по балистичка, туку и по суборбитална траекторија, и дека неговиот дострел на лет надминува 35.000 километри, пренесува РИА Новости.

Тој истакна дека Русија ги подобрува своите нуклеарни сили за одвраќање од почетокот на 2000-тите, кога САД се повлекоа од Договорот за антибалистички ракети.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Путин и натаму сака да ја продолжи војната

„Економист“: Путин е заробен во сопствената војна – поразот може да биде фатален

ВИДЕО: Откриена вистинската причина за посетата на директорот на ЦИА на Москва

Паника во Кремљ: Путин планира да употреби нуклеарно оружје?

ISW: Путин создава услови за масовна заплена на приватен имот за да ја финансира војната

(ВИДЕО) Руската војска собори ракета „Фламинго“ ФП-5 со митралез