Цариниците најдоа злато скриено во чорапи на српско-црногорската граница

Од:

Српската Царинска управа денес соопшти дека во текот на претходниот викенд, цариниците спречиле обиди за шверц на стока со вкупна вредност од 93.000 евра на граничниот премин Шпилјани (меѓу Србија и Црна Гора).

На влезот на граничниот премин Шпилјани се откриени 44 грама злато (дукати и прачки), кое патникот се обидел да го скрие во чорапите, односно осум дукати со ликот на Франц Фердинанд со просечна тежина од 3,5 грама, две златни прачки со вкупна тежина од 8,53 грама и една нараквица со тежина од околу седум грама.

Во таа прилика, царинските службеници спречиле обиди за шверц и конфискувале непријавена стока и пари со вкупна вредност од речиси 40.000 евра.

Со правосилна пресуда е изречена парична казна и заштитна мерка трајно одземање на стоката и возилото, со оглед на тоа што вредноста на стоката надминува една третина од нејзината вредност.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спречен шверц на змии на „Богородица“

А1он

(ВИДЕО) Уапсени малолетници во Врање – бегаа од потера, удрија во полициско возило

А1он

Возеше мопед без дозвола, со 2,93 промили алкохол во крвта – беше позитивен и на канабис

А1он

Србија покажа вооружени „роботски кучиња“ од кинески дизајн

Предраг Петровиќ

Пленковиќ крена тревога поради Србија: „Ова е шопинг-манија“ – Загреб ги информираше партнерите

Возач на камион од Македонија загина кај Лесковац

Катерина Ѓуровски