Општина Карпош ги демантира наводите дека градоначалникот Сотир Лукровски си има поднесено оставка. Тој, како што велат, во овој момент користи боледување и е привремено отсутен поради здравствени причини, за што замолуваме за разбирање.
-Уверуваме дека Општина Карпош продолжува да функционира непречено, со целосен капацитет и посветеност кон потребите на граѓаните – посочуваат од локалната самоуправа.
Нагласуваат дека согласно законските процедури, надлежности привремено ќе ги извршува членот на Советот, Неделчо Крстевски.
-Општина Карпош апелира до јавноста и медиумите за разбирање и почитување на приватноста на градоначалникот и неговото семејство во овој период – порачуваат од локалната самоуправа.
