Багеи: Иран сè уште го разгледува предлогот на САД за прекин на конфликтот

Од:

Иран сè уште не донел конечна одлука за предлогот на САД за прекин на конфликтот и продолжува да ги разгледува пораките пренесени преку Пакистан, изјави денес портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи.

Според „Тасним“, Багеи истакнал дека Техеран сè уште не доставил одговор до американската страна и дека иранското Министерство за надворешни работи продолжува да ги анализира пораките.

Според претходните изјави на регионален извор за Си-Ен-Ен, се очекува Иран денес да го достави својот одговор на предлогот на САД до медијаторите. Извори запознаени со преговорите велат дека двете страни се приближуваат кон можен договор.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху: Ако Иран се меша во израелските избори, ќе се соочи со сила каква што досега нема видено

Аракчи: Ако Америка е искрена, мора да се придржува до нашите услови

Пезешкијан: Заканите и санкциите мора да се укинат за да се отвори пат за дијалог

Порака на Мерц до САД: Замрзнатите руски пари остануваат во Европа

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

Дмитриев: Одлуката на САД за суспендирање на санкциите против Русија е важен историски момент

Горан Наумовски