Дваесетгодишна државјанка на Турција е пронајдена почината во стан во Штип

Од:

Секторот за внатрешни работи-Штип потврди дека во стан во Штип е пронајдена 20-годишна државјанка на Република Турција. Во соопштението од СВР-Штип се вели дека денеска во 14.48 часот во СВР Штип било пријавено дека во стан во Штип било пронајдено почината женско лице. Полициските службеници излегле на местото и било констатирано дека се работи за У.Е ( 20) , државјанка на Република Турција.

Увид врши екипа на СВР штип и се преземаат мерки за расчистувањето на случајот.

Пожарникарите од ТППЕ-Штип биле повикани да интервенираат и да влезат во станот преку врата на балконот, бидејќи станот имал блиндирана врата. Според првичните информации, лекарите и медицинскиот тим од Итната медицинска помош констатирале смрт, но не можат да утврдат дали станува збор за насилна смрт. Телото е предадено на обдукција во Клиничката болница-Штип, по што ќе се утврдат причините за смртта на турската студентка.

Би можело да ве интересира

37-годинашна жена од Аердром е пронајдена мртва во својот стан

Горан Наумовски

Гори борова шума над филтер-станицата кај Штип

А1он

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски