Техеран ги отфрла обвинувањата за инцидентот со јужнокорејски брод

Од:

Иран негираше каква било вмешаност на неговите вооружени сили во оштетувањето на јужнокорејскиот брод во Ормутскиот теснец, соопшти иранската амбасада во Сеул.

Во соопштението се вели дека Техеран ги отфрла обвинувањата и нагласува дека безбедното минување низ стратешката поморска рута бара строго почитување на иранските прописи, објави Ројтерс.

Инцидентот се случил во понеделник, кога брод под панамско знаме, управуван од јужнокорејската компанија „ХММ“, доживеа експлозија, а потоа се запали. Причината за пожарот сè уште не е официјално утврдена.

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини Иран за нападот, додека јужнокорејските власти изјавија дека точната причина за инцидентот ќе биде позната дури откако бродот ќе биде одвлечен во пристаништето и темелно проверен.

Истрагата за околностите на експлозијата е во тек.

Би можело да ве интересира

Гарибабади: Договорена е привремена рута за Оманскиот теснец со Оман

Елхами: Иран собори дронови и борбени авиони, сега развиваме ново оружје

Нетанјаху: Трамп предложи „опсада“ на Иран наместо нова војна

Техеран е подготвен за преговори со Вашингтон, но бара враќање на јунскиот договор

Спречен е обид за атентат врз синот на Бенјамин Нетанјаху: „Иран се обиде да го убие“

Горан Наумовски

Трамп: Иран не им плаќа на некои војници и убива демонстранти