Мицкоски: Не може да се пишуваат дежурства од 31 ден во февруари со 24 часа работни, а да очекуваме вложувања во здравството

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање што да очекуваат граѓаните дали ќе има ново проширување на позитивна листа на лекови, нагласи:

„Тоа што ние го правиме во здравствениот сектори е нешто кое што не се случувало со години, па и со децении би рекол, вклучително и проширувањето на позитивната листа. Очекуваме во месеците кои што следат нови убави вести за македонските граѓани со нови лекови кои ќе бидат вклучени на позитивната листа. Но, исто така мораме да бидеме свесни дека здравствениот систем е сериозен предизвик за сите нас и како таков мораме да се однесуваме кон него. Ако ние континуирано продолжиме да го исцрпуваме, на начин на кој што го исцрпуваме во моментот, а истовремено да очекуваме квалитетни услуги и сервис, тоа е невозможно. Пред овој настан имавме уште еден настан каде што зборував за демографијата и таму испратив една порака во која што кажав: конечно е дојдено време кога треба да си го поставиме прашањето што можеме ние да направиме за татковината, а не татковината за нас. Ние како влада ќе сториме сè што е во наша моќ да ги заштитиме интересите на граѓаните и државата, но очекуваме такво однесување буквално од сите, затоа што ние не можеме да се однесуваме како поединци, не велам дека тоа е пракса, во здравството се однесуваат да речеме, се пишуваат дежурства итн. за 31 ден работен во февруари, со 24 часа работа, а истовремено да очекуваме да вложуваме во здравството. Така што ќе треба и ние многу повеќе да водиме сметка за општиот интерес и интересот на граѓаните“.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Средствата позајмени од МНАВ, МЕПСО и Лотарија ќе се користат за отплата на кредит

Предраг Петровиќ

До крајот на неделата технички исправна вода во Гостивар, за пиење се очекува кон крајот на идната

Владата ќе ги обештети граѓаните кои претрпеа штета од невремето во Скопје

Можно е ново намалување на ДДВ за горивата

Катерина Ѓуровски

Од градоначалникот па надолу сите во Гостивар треба да понесат морална одговорност за кризата со водата, смета Мицкоски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски