Резеи: Извештајот на Аксиос за предлогот на САД за договор со Иран е список на желби

Од:

Ебрахим Резеи, портпарол на парламентарниот комитет за надворешна политика и национална безбедност на Иран, денес изјави дека извештајот на Аксиос, кој го содржи текстот на американскиот предлог за договор со Иран за завршување на војната, е повеќе „список на желби“ отколку одраз на реалноста.

– Текстот објавен од Аксиос е повеќе како американска листа на желби отколку реалност, Американците кои губат во војна нема да добијат ништо што веќе не успеале да го постигнат во директни преговори, напиша Резеи на платформата X, пренесува Ројтерс.

Како што објави Аксиос претходно денес, повикувајќи се на американски претставници запознаени со преговорите, САД и Иран се блиску до постигнување прелиминарен меморандум за разбирање што би можел да го означи крајот на сегашниот конфликт и да го отвори патот за подетални преговори за нуклеарната програма на Иран.

Би можело да ве интересира

Иран: Уништивме 228 објекти или опрема на американската армија, тоа е голема штета

Иран и САД работат на меморандум за завршување на војната, според извори од Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иранците „слават победа“

Катерина Ѓуровски

Иран откри „нова равенка“ за Ормутскиот теснец: Го нарече суверено управување

ВИДЕО: За Кина американско-израелската војна против Иран е „нелегитимна“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп ја стави на пауза операцијата „Проект слобода“