Најмалку осум лица загинаа во пожар во трговски центар во Техеран

Од:

Најмалку осум лица загинаа, а 36 други се повредени во пожар во трговски центар во Техеран, објави денес иранската државна телевизија ИРИБ.

Иранските медиуми претходно објавија дека три лица загинале, а 26 се повредени.

Пожарот избувна во трговскиот центар Аргаван во градот Андишех во покраината Техеран. Не е јасно што го предизвикало пожарот, а државната телевизија ИРИБ соопшти дека властите истражуваат.

Нема индикации дека пожарот е поврзан со војната на Иран со САД и Израел.

Би можело да ве интересира

Техеран ѝ се заканува на Европа: Земјите што ќе обезбедат бази за напади врз Иран ќе бидат цели

Догорче од цигара причина за пожарот во ГОБ „8 Септември“, нема повредени

Пожар во болницата „8 Септември“ во Скопје, пациентите се евакуираат

Горан Наумовски

Пожар во подземниот паркинг на КАМ мол во Ѓорче Петров, евакуирани посетителите

Горан Наумовски

Изгорен стан во Белград, во ходникот пронајдено тело на 55 годишник

А1он

Двајца пожарникари загинаа додека гасеа пожар во близина на Атина