Андоновски очекува Македонија да биде меѓу првите држави на која ќе ѝ биде овозможен роаминг без дополнителни трошоци во ЕУ

Од:

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски очекува Македонија да биде меѓу првите држави на која ќе ѝ биде овозможен роаминг без дополнителни трошоци во ЕУ. Добри вести очекува на самитот ЕУ – Западен Балкан, кој ќе се одржи на почетокот на јуни во Подгорица.

Смета дека ќе биде меѓу првите држави со кои Европската Унија ќе потпише договор за т.н. роаминг како дома.

– Има најава за почеток на преговорите, што е позитивен сигнал. Преговорите ќе се однесуваат на секоја земја поединечно и промената е што ќе се потпише специјален договор слично на Договорот за стабилизација и асоцијација со Европската Унија со секоја од државите кандидати. Позитивно е што ние ги исполнуваме условите со донесувањето на Законот за електронските комуникации и со тоа сме, да речеме, во групата што прва ќе почне преговори – изјави денеска Андоновски, кој присуствуваше на Третата регионална конференција на сметководителите и овластените сметководители.

Би можело да ве интересира

Европа контра Трамп, подготвува нов пакет санкции за Русија

ЕУ нуди пристап до заедничкиот пазар на земјите кандидатки, но под услови и можност за суспензија

Катерина Ѓуровски

Софија одговори на идејата ЕУ да биде вклучена во разговорите со Македонија, потсетува дека обврските остануваат

Фрустрацијата кај македонските граѓани е огромна, отстапките се преголеми, но остануваме на е вропскиот пат, вели Мицкоски од Њујорк

Пет земји ставија печат на застојот во преговорите на Црна Гора со ЕУ

ВИДЕО: Трамп жестоко и се закани на Европа поради Канада

Катерина Ѓуровски