Градоначалник во Франција обвинет за силување и водење култ

Од:

Градоначалникот на Треоган во францускиот департман Кот-д’Армор е обвинет за сексуална злоупотреба и силување на најмалку една жена, како и за водење култ, соопшти денес обвинителството во Тулон.

Како што изјави обвинителот Рафаел Балан, тој е во притвор до судењето, објави Фигаро.

Градоначалникот на едно мало гратче, кој беше обвинет за водење култ организиран преку социјалните медиуми, беше уапсен минатата недела.

Истражителите наводно идентификувале најмалку шест жени кои биле жртви на неговото злоставување помеѓу 2017 и 2026 година.

Една од нив, дваесет и едногодишна студентка, поднесе тужба во 2022 година во департманот Мајен.

Таа го обвини мажот дека „ѝ се заканувал со смрт“ ако ја напушти групата чија наведена цел била „запознавање луѓе со висок интелектуален потенцијал“ преку социјалните мрежи, соопшти обвинителството.

Како што се додава, осомничениот им ветил на членовите на групата, „следбеници на духовноста и филозофијата“, можност за стекнување врвно образование, под услов да ги следат неговите учења.

Тој барал „целосна посветеност“ од одредени жени, барајќи да го признаат како „апсолутен и божествен“ водач, изјави изворот од обвинителството.

Покрај контролата на нивниот приватен живот, обвинетиот наводно изнудувал пари од овие жени, а во случајот на една од нив, до неколку илјади евра.

„Една од жените тврдела и дека доживеала психолошко злоставување и дека била подложена на присилни сексуални дејствија“, изјави обвинителството.

Би можело да ве интересира

Условна казна од една година затвор за наставничка во Франција по самоубиство на ученичка

А1он

Тардиф: Мора да бидеме подготвени за руски шокантен напад врз НАТО

Трамп бесен на Франција и Италија: Ќе го запаметиме ова

Цензура или демократија: Хаос и критики во Франција поради интервју со Сергеј Лавров

Мандон: САД станаа непредвидлив сојузник

Франција e погодена од силен земјотрес

Горан Наумовски