Измамнички пораки за казни од „Сејф сити“ водат до непосточека веб страница на МВР

Од:

Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност во рамки на Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека е забележана зачестена појава изминативе денови, каде непознати лица преку странски телефонски број +639606963624 испраќаат на македонски корисници пораки за наводно регистриран сообраќаен прекршок и бараат наплата со платежна картичка за истиот на лажна веб страна http://mvr.govmk.cam/mk .

Измамата ја вршат на тој начин што, откако лицата ќе кликнат на линкот оставен во пораката, истиот води на лажна веб страна на МВР каде што бараат да ја внесете Вашата регистарска табличка од Вашето возило и потоа Ве носи на нов прозорец каде ви е регистриран прекршок и Ви бараат наплата од 1500 денари.

Апелираме до граѓаните да бидат претпазливи и да не веруваат на пораки кои доаѓаат од нелегитимен веб сајт на Министерството, ниту да оставаат свои лични податоци и податоци од својата платежна картичка, кои потоа претставуваат цел на злоупотреба, велат од МВР.

Исто така Секторот за компјутерски криминал при МВР апелира до граѓаните и правните субјекти да не отвораат сомнителни линкови и прикачени документи во прилог на пораки што не доаѓаат од верификувани и за нив познати испраќачи со цел да не наседнуваат на измами од ваков тип.

Би можело да ве интересира

Лажни се дојавите за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје

(ВИДЕО) За да се избегнат грешки при испраќање на казните од „Безбеден град“, возачите ќе добиваат код

МВР: Лажна е дојавата за поставени бомби во трговски центар во Скопје

А1он

МВР: Уапсени се повеќе лица дел од нив доктори на клиники и сопственици на дерматолошки ординации

Акција против нелегални медицински третмани: Полицијата во повеќе здравствени институции прави контроли

Горан Наумовски

МВР: Потврдите од платените казни од системот „Безбеден град“ граѓаните нема потреба да ги носат во полициска станица

А1он