Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

Од:

СДСМ обвини дека поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство, повторно се обидува да влијае врз институциите, реагирајќи од Унгарија за тоа што треба да биде предмет на истрага.

Портпаролката на партијата, Богданка Кузеска, на прес-конференција изјави дека сличен однос има и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој, според неа, преку јавни настапи врши притисок врз институциите.

„Вистината е едноставна: секој што сторил криминал мора да одговара пред правдата“, рече Кузеска.

Од СДСМ посочуваат дека практиките од времето на владеењето на Груевски – корупција, злоупотреба на тендери и, како што велат, нарушување на институциите – оставиле долгорочни последици врз државата.

Во однос на актуелната власт, партијата обвини за, како што велат, партизација на судството, обвинителството и полицијата.

Кузеска истакна дека Македонија мора да продолжи по европскиот пат, со засилена борба против криминалот и корупцијата.

Од СДСМ порачаа дека одговорност ќе има за сите кои го прекршиле законот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Македонија не е добиена на подарок, време е конечно да имаме големи цели

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

Мицкоски: Анкетите се лоша вест за опозицијата – клевети, навреди и измислици не поминуваат

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: Директорка на училиште и нејзин помошник се коцкале во казино за време на екскурзија во Монте Карло

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он