Трамп: Иранскиот предлог е неприфатлив, Израел нема да постои без мене и Нетанјаху

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека е запознаен со новиот ирански предлог и дека го смета за неприфатлив, тврдејќи дека Израел нема да постои ако не беа тој и премиерот на земјата Бенјамин Нетанјаху.

Во изјава за израелскиот јавен сервис Кан, Трамп рече дека „го разгледал новиот ирански предлог и дека не е прифатлив за него“, нагласувајќи дека „операцијата оди многу добро“.

Трамп, исто така, го повтори својот повик до израелскиот претседател Исак Херцог да го помилува Бенјамин Нетанјаху, нагласувајќи дека, како што изјави, „зборуваме за воен премиер“.

Би можело да ве интересира

Рубио: Нема напредок во преговорите со Иран, барањата на Техеран се неприфатливи

Багеи: Планот на Иран за ставање крај на војната е најлогичната патоказ

Џефрис: Хегсет мора да си оди, ја загрози националната безбедност на САД

(ВИДЕО) Трамп: Омразата меѓу Путин и Зеленски е главната пречка за мир, Украина ќе има поинакви граници

Техеран ѝ се закани на Америка со разорен одговор, Аракчи порача: „Ќе ги видите резултатите“

Трамп сакаше шефот на УФЦ да биде портпарол на Белата куќа, го одби