Денеска променливо облачно со локален дожд и засилен северен ветер

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне ќе има повремени локални врнежи од дожд.

Кон крајот на денот облачноста ќе се намали.

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, наместа над 60 километри на час, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе се движи од 0 до 5 степени, а максималната ќе достигне меѓу 13 и 20 степени.

Во Скопје, променливо облачно, претпладне ќе има слаб локален дожд.

Во текот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 19 степени.

Според УХМР, во понеделник наутро времето ќе биде ведро и постудено, со утрински температури кои на места ќе се спуштат под нула.

Во текот на денот ќе преовладува сончево време.

Од вторник ќе преовладува променливо облачно и топло време со сончеви периоди и со умерен ветер од јужен правец.

Кон крајот на седмицата повторно се очекуваат повремени локални врнежи од дожд.

Би можело да ве интересира

Денеска променливо облачно и топло, дневната температура од 26 до 34 степени

Денеска ќе биде променливо облачно и топло, попладне можен пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Денеска променливо облачно и топло, попладне можност за локален пороен дожд

Денеска облачно со повремени врнежи од дожд и посвежо

Денеска сончево и топло, попладне локален пороен дожд

Попладне нестабилно со пороен дожд

Горан Наумовски