Гостиварец e тешко повреден откако падна од четирицикл во шумски предел

Од:

Дваесет и седумгодишен жител на Гостивар се здоби со тешки повреди откако падна од четирицикл додека се движеше по шумски пат. Повредениот е пренесен во Ургентниот центар.

– Во ОВР Гостивар е пријавено дека кај нив е донесено повредено лице по пад од возило. По извршените проверки утврдено е дека се работи за Е.К.(27) од Гостивар. Тој управувајќи четирицикл без регистарски ознаки и без возачка дозвола на шумски пат помеѓу селата Речане и Дуф, изгубил контрола и паднал при што се здобил со тешки повреди, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.

Тој потврди дека за настанот е известен јавен обвинител. На местото на несреќата екипа од ОВР Гостивар извршила увид за да се утврдат поединости и околностите кои довеле до неа.

Би можело да ве интересира

Тетовец е тешко повреден, чичко му ненамерно го прегазил со возило

Американски државјанин се повреди при слетување со параглајдер во Битолско

Пожарникар е повреден при гаснење пожар во Визбегово

Тешко повредени се две млади момчиња од тетовско – со четирицикл излетаа од патот

А1он

Изгореа четирицикли на плац во близина на Попова Шапка

Горан Наумовски

Автомобил излета од пат близу Прилеп, повредени се двајца малолетници