Тешко повредени се две млади момчиња од тетовско – со четирицикл излетаа од патот

Од:

МВР информира дека вчера попладне во 12:35 часот во СВР Тетово е пријавена сообраќајна несреќа што се случи на регионалниот пат Тетово – с. Јажинце, во селото Одри.

Четирицикл со тетовски регистарски ознаки, управуван од М.Ќ.(19) од село Теарце, излета од коловозот од засега непознати причини.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здоби сопатникот А.А.(20) од село Слатино, кој е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување лекарска помош.

Со тешки телесни повреди се здоби и возачот М.Ќ., кај кого повредите се констатирани во Ургентниот центар во Тетово.

Би можело да ве интересира

Исчезна 15 годишно девојче од Куманово

А1он

Уапсени се 13 лица во неколку градови во Македонија – пронајдени кокаин, марихуана и таблети

А1он

Тешко повредена пензионерка во маркет во Аеродром – ја турна непознато лице

А1он

Полицијата во Карпош уапси крадец на велосипеди

А1он

Возач излета од патот кај Трубарево, па заврши со „мерцедесот“ во двор – двајца се повредени

А1он

Уапсени се седум возачи – двајца возеле пијани, а тројца без возачка дозвола

А1он