Миле Цеков ја напушти ЗНАМ, пратеникот ќе дејствува независно

Од:

Миле Цеков ја напушта ЗНАМ која е дел од владејчкото мнозинство на ВМРО ДПМНЕ и од денеска е независен пратеник.

Пратеникот Цеков објави дека ја напушта власта и од сега ќе делува како независен пратеник, изразувајќи незадоволство од, како што вели, неисполнетите очекувања и изостанокот на суштински промени.

Тој истакна дека во политиката влегол со цел да придонесе за борба против криминалот и корупцијата и за промена на системот, но дека по две години како дел од владејачкото мнозинство, тие цели не се реализирале.

– Станав пратеник за да се обидам да ги променам работите и да покажам дека има место за чесни луѓе во политиката. За жал, промените не се случуваат, изјави Цеков.

Тој додаде дека не може да биде дел од власт и политички субјект кој, според него, не ги дели вредностите во кои верува, нагласувајќи дека заминува од „политика што не застана зад ветувањата“.

Иако не прецизираше дали ќе ја поддржи опозицијата, Цеков рече дека е отворен за соработка со сите кои ги делат неговите принципи.

Во однос на евроинтеграциите, тој посочи дека ја поддржува европската иднина на Македонија, но со јасно заштитени национални интереси.

„Јазикот, идентитетот и културата не се за преговарање“, нагласи Цеков.

Би можело да ве интересира

Минчев: Граѓаните не живеат од ветувања, туку од резултати што ги чувствуваат

ЗНАМ предлага измени на Законот за семејството: Посвоените лица да можат да добијат информации за своето потекло

Димитриевски од Гостивар: Со Бугарија ќе разговараме, но од македонскиот идентитет не отстапуваме

Димитриевски: Не влеговме во Владата за фотелји!

А1он

Димитриевски: ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

Димитриевски од Струмица: Помина времето кога политичарите испраќаа пораки од скапи јахти

Предраг Петровиќ