Мерц: Фокусот на Германија останува на силен НАТО сојуз

Од:

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес ја нагласи важноста на трансатлантското партнерство и нагласи дека фокусот на Германија останува на силно НАТО и сигурно трансатлантско партнерство.

Во разговор со новинарите во воена база во градот Минстер, неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата администрација размислува за намалување на бројот на американски војници во Германија, Мерц рече дека трансатлантското партнерство е особено блиску до „нашите срца и до моите лично“, објави Ројтерс.

Трамп претходно денес изјави дека Пентагон ја разгледува можноста за повлекување на дел од 40.000 американски војници стационирани во Германија, објави американскиот портал Политико.

Би можело да ве интересира

Драма во Германија: Повеќе од 2.000 луѓе евакуирани поради пожар, пламените јазици се приближуваат кон село

(ВИДЕО) Илјадници луѓе на десничарски протест во Саксонија: „Овој картел, оваа влада мора да си замине“

Драма на фестивал во Германија: Експлодира плинска боца, има повредени

Горан Наумовски

АфД е пред историска победа, Мерц е под силен притисок пред клучните избори

Велика Британија и Германија го осудуваат рускиот напад врз Украина: Москва останува закана

Вајдел: Погрешната миграциска политика е отров за германската економија