Сиљановска-Давкова не сака да ги толкува причините на Европскиот фронт за поднесување иницијатива за уставни измени

Од:

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова не сака да ги толкува партиските причини на Европскиот фронт за поднесување на иницијатива за уставни измени, но смета дека таа иницијатива нема шанси да успее со оглед на тоа што што за нивно усвојување е потребно двотретинско мнозинство.

-Според нашиот Устав уставни измени може да предложат 30 пратеници или 150 илјади граѓани. Иницијаторот нема 30 пратеници во Парламентот. Јас не можам да ги толкувам партиските причини и причините на парламентарната група за покренување на оваа иницијатива, но секогаш кога се покренува некоја иницијатива, тоа не треба да се прави, само да се за да се манифестира проактивност, туку треба да се размислува на извесноста од нејзиното финализирање и вродување со плод, рече Сиљановска-Давкова во одговор на новинарско прашање по средбата со швајцарскиот претседател.

Додаде дека е познато оти за усвојување е потребно двотретинско мнозинство, што, како што истакна, е многу повеќе од триесет, а исто така и двојно мнозинство заради тоа што се бара промена на Преамбулата.

-Веројатно реков дека тоа е партиска одлука. Тоа е одлука на пратеничката група, но, јас на нешто друго сакам да предупредам. Токму оваа партија, да ве вратам назад, едно време всушност ја убедуваше македонската јавност, односно граѓаните, дека не само што има двотретинско мнозинство во Парламентот за уставни измени, туку дека има и многу поголемо, дека разговарале со пратеници дури и од опозицијата, дека од нив добиле поддршка, но го видовте завршетокот на таа приказна. Најдобро е нив да ги прашате која им е намерата и иницијативата, но, секој пратеник, сите пратеници имаат право на иницијатива. Тоа е демократски чин. Да видиме што ќе се случи, но од она што го гледам како коментари од другите партии мислам дека нема шанси да успее, рече претседателката.

Неодамна темата за евентуално отворање на Уставот, ја покренаа пратеници од Европски фронт преку иницијатива за собирање на потписи.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Подготвен сум да се ограничи двојното државјанство за извршната власт

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Со Радев ќе трагаме по решение за билатералниот спор

Сиљановска Давкова: Климатските промени веќе не се закана, туку реалност

Сиљановска Давкова и Милатовиќ: Политичката волја во ЕУ клучна за забрзување на проширувањето

Сиљановска Давкова – Милатовиќ: Заедничка визија за стабилен и просперитетен регион интегриран во ЕУ

Мицкоски: Нема уставни измени, ако треба ќе чекаме децении како што чекаа политичарите од Бугарија да го применат принципот на Живковизмот