Уставниот суд ќе одлучува за празниците во Кичево за 2025

Од:

Уставниот суд денеска треба да ја одржи 11. седница, на која, како што е најавено, ќе се дискутира по две иницијативи за оценување на уставност и законитост, едно барање за заштита на слободи и права и донесување на две конечни одлуки на Судот, меѓу кои барањето за заштита на слободата на јавното изразување на мислата согласно член 110 алинеја 3 од Уставот од новинарот Давид Илиески и одлука за Програмата за празници и одбележување на јубилејни настани и значајни датуми во Општина Кичево за 2025 година.

Барателот, во барањето, тврди дека во својство на новинар, поднел барање за пристап до информации од јавен карактер до Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје, со кое побарал податоци за компании и проекти финансирани преку банката, агрегирани статистички податоци, како и извештаи доставувани од деловните банки во рамки на кредитните линии за период од 01.01.2020 година до моментот на доставување на бараните информации.

-Развојна банка делумно го прифатила барањето, односно и споделила агрегирани податоци за бројот на поддржани компании, поделени по сектор година и кредитна програма, но не и списоците со компаниите и проектите кои добиле кредити од Развојна банка, ниту копии од извештаите што деловните банки ги доставуваат до Развојна банка во рамки на кредитните линии. Поради нецелосни информации барателот вложил жалби до надлежната Агенција за заштита на правото на слободен пристап на информации од јавен карактер. Таа спровела постапка и двапати одлучувала по предметот, при што во второто решение ја уважила жалбата во целост, ги поништила одбивните решенија и наложила доставување на бараните информации во рок од 15 дена. И покрај тоа, Развојна банка не постапила по конечното и извршно решение, ниту ги доставила бараните податоци со образложение дека станува збор за доверливи податоци, односно банкарска тајна – се вели во наводите.

Барателот смета дека со ваквото неизвршување на решението, по исцрпување на сите правни средства, е сторена повреда на неговото право на слобода на изразување, конкретно правото да прима информации од јавен карактер. Наведува дека бараните информации се од јавен интерес, бидејќи се однесуваат на користење на јавни средства од страна на институција, односно банка во државна сопственост.

Предвидено е Судот на денешната седница да донесе одлука за Програмата за празници и одбележување на јубилејни настани и значајни датуми во Општина Кичево за 2025 година, откако на 4 февруари 2026 година поведе постапка за преиспитување на уставноста и законитоста на Програмата.

-Судот изрази сомнеж дека оспорениот акт е пропис којшто разработува културни активности и одбележување на празници и истиот е донесен без потребното мнозинство од заедниците кои не се мнозинско население во Општината, како што предвидува член 41 став 3 од Законот за локалната самоуправа. Според доставените податоци во предметот, односно одговорот кој го достави Советот на Општина Кичево како доносител на оспорениот акт, се наведува дека програмата е донесена со 12 гласови „за“ и 11 гласови „против“ и според етничката припадност сите советници кои гласале „за” се Албанци и сите советници кои гласале „против” се Македонци. Смислата на член 41 став 3 од Законот за локалната самоуправа е да обезбеди вклученост и заштита на заедниците кои не се мнозински во процесот на донесување прописи на советот што засегаат прашања од културата. Вака предвиденото мнозинство ја штити рамноправноста на заедниците во процесот на донесување прописи коишто се однесуваат на културата и употребата на јазиците. Тоа произлегува и од содржината на Амандаманот XVI со кој се заменува ставот 5 на член 114 од Уставот на Република Северна Македонија – се вели во соопштението.

Со донесувањето на оспорениот акт на овој начин, пред Судот се постави прашањето дали Програмата е спротивна на член 41 став 3 од Законот за локалната самоуправа, бидејќи Советот на Општина Кичево не го обезбедил потребното мнозинство и со тоа го прави оспорениот акт незаконит и спротивен на Уставот.

Би можело да ве интересира

Став од Уставниот суд во врска со најавениот протест на работниците од културата

Катерина Ѓуровски

Уставен суд поведе постапка за Колективниот договор за култура и за член од Законот за култура

Катерина Ѓуровски

Судскиот совет ја предлага Мери Дика Георгиевска за судија на Уставниот суд

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ВРЕДИ: Овој состав на Уставен суд се однесува како југословенска политичка елита

Судиите одлучија – измените во Законот за прекршоци за „Безбеден град“ не се во спротивност со Уставот

А1он