На аџилак и годинава ќе заминат 2.020 муслимански верници од нашата земја

Од:

Годинава на аџилак и во посета на светите муслимански места, од нашата земјава, ќе заминат над две илјади верници, што е идентична бројка со минатата година, изјави Ирсaл Јакупи, генерален секретар на Исламската верска заедница.

– Бројката е пополнета согласно квотата што ја одреди Министерството за хаџ на Саудиска Арабија и годинава ќе има 2.020 верници од земјава, кои ќе патуваат кон светите места, иако беа пријавени повеќе. Бројката е идентична како и минатата година. Верниците ќе патуваат од 14 до 21 мај, со авионски чартер летови, додаде Јакупи.

Во однос на возраста, според него, годинава оние кои патуваат на хаџ припаѓаат на помладата генерација, а највозрасниот е 75-годишник. Цената за аранжман за Хаџ е 6.700 евра, што е повисока за 250 евра споредено со минатата година.

Големиот празник Курбан Бајрам, годинава се паѓа на 6 јуни и секогаш се слави четири дена.

Аџилакот служи за да ги потсети муслиманите дека сите се еднакви во очите на Бог – Алах. Ова е петтиот столб на Исламот и го рекреира патувањето на пророкот Мухамед во 632 година. Има за цел да ги зближи муслиманите од сите националности, чистејќи ги од гревовите и приближувајќи ги до Бог.

Би можело да ве интересира

Четириесет верници од Кумановско се вакцинирале пред заминување на аџилак

Ана Ололовска

На аџилак годинава ќе заминат 672 верници од Македонија

Ана Ололовска

Годинава од гостиварско на аџилак ќе тргнат 217 лица

Наум Локоски

Од дебарското муфтиство на аџилак 17,од Македонија 770 верници

Предраг Петровиќ

АНАЛИЗА: Аџилак – дали од идеологија порасна во бизнис?

Ана Ололовска