Мицкоски: Подготвен сум да се ограничи двојното државјанство за извршната власт

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема ништо против законско ограничување на двојното државјанство за носителите на јавни функции, доколку тоа е во согласност со Уставот и законите. Тој посочи дека ваквото решение може да се однесува не само на пратениците, туку и на извршната власт и на претседателот на државата.

„Ако правните и уставните експерти проценат дека нема пречки, тогаш апсолутно го поддржувам тоа решение. Јас немам двојно државјанство, ниту планирам да имам. Моето државјанство е македонско и ваквото ограничување не ме засега“, изјави Мицкоски по увидот во реконструкцијата на Универзалната сала во Скопје.

Претходно, Гордана Сиљановска-Давкова истакна дека е можно со закон да се ограничи двојното државјанство, но предложи тоа да важи не само за пратениците, туку и за министрите и шефот на државата.

Во меѓувреме, во Собранието веќе се поднесени предлог-закони на оваа тема. Пратеници од владејачката коалиција предложија забрана за двојно државјанство за пратениците, додека СДСМ излезе со предлог ограничувањето да се прошири и на министрите и вицепремиерите, со негово веднаш стапување во сила.

Темата за двојното државјанство повторно се отвора како дел од пошироката дебата за критериумите и одговорноста на носителите на јавни функции.

Би можело да ве интересира

Мицкоски зборува за промената на името, ама не го враќа старото име на државата, вели Филипче

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

Мицкоски: Очекувам денес повторно дизелот да поевтини за 2 до 2,5 денари

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ретерира затоа што министри, пратеници, градоначалници од ВМРО имаат бугарски пасоши

Мицкоски во Виена: Заедно со дијаспората до посилна Македонија

СДСМ: Мицкоски да им се извини на уметниците и културните работници за навредите

Предраг Петровиќ