Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

Од:

Примиерот Христијан Мицкоски денес беше на увид на реконструкцијата на Универзална Сала. Тој беше прашан да даде мислење околу одлуката на апелација за случајот „27 април“.

– Станува збор за политички монтиран случај од страна на претходната влада. Според мене, таму невини луѓе беа прогласени за терористи. Невини за терористи, но сепак направија одреден престап и требаше за тој престап да одговараат, рече Мицкоски.

Премиерот со жалење потенцираше на фактот дека дел на обвинители и судии денес сведочат за фингирани процеси, уценувања и притисоци.

– Како држава не можеме да одиме напред ако две работи не добијат јасен одговор. Првиот одговор е, како Катица Јанева повторно ги задолжи обивнители од СЈО да вршат терор врз македонските граѓани? И вториот случај е да се дознае вистината за „27 април“. Се’ останато е во рамките на правосудството, дециден Мицкоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од партија, ВМРО-ДПМНЕ е најголемиот македонски политички бренд

Горан Наумовски

Премиерот за Преспанскиот договор: Ветувањата останаа неисполнети

Мицкоски: Во петок и во сабота средби со коалициските партнери од ВРЕДИ и ЗНАМ за најавената владина реконструкција

Горан Наумовски

Левица: Премиерот Мицкоски аплаудира додека државните домови пропаѓаат, а приватниот бизнис профитира

Горан Наумовски

Од следната недела значително намалување на цените на бензините, очекува Мицкоски