На регионалниот пат Кичево – Демир Хисар, во близина на селото Видрани, од коловозот излетало патничко возило „фолксваген поло“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Т.С. (62) од селото Другово, кичевско.
Според информациите, лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт на возачот на местото на настанот. Неговата сопруга, која се наоѓала во возилото, изјавила дека Т.С. претходно се пожалил на болки во градите, по што му се слошило и изгубил контрола врз возилото, кое излетало надвор од коловозот.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција за утврдување на точните причини за смртта.
