Тешка несреќа се случи утринава на градилиште во Скопје, каде четворица работници беа затрупани при ископ, при што едно лице го загуби животот, а тројца се повредени.
Според достапните информации, градилиштето е во сопственост на компанијата „Нар Инвестмент“, чиј основач и сопственик е поранешниот градоначалник на Општина Аеродром, Ивица Коневски.
Како директор на фирмата е наведен Илија Коневски. Компанијата е основана во ноември минатата година и е регистрирана во општина Центар.
Тројцата повредени работници се пренесени во Ургентниот центар во Скопје, каде им е укажана медицинска помош.
Според доктор Игор Мерџановски, еден од пациентите се здобил со скршеници на нозете и ќе биде подложен на оперативен зафат, додека другите двајца имаат полесни повреди, меѓу кои нагмечувања и повреда на лактот.
