Водечките ирански функционери, претседателот Масуд Пезешкијан, претседателот на парламентот Мохамед Бакер Калибаф и шефот на судството Голамхосеин Мохсени Ејеи, ги отфрлија тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека постојат поделби во рамките на иранското раководство.
Трамп претходно изјави дека постојат конфликти меѓу таканаречените тврдокорни и умерени во политичкото и военото раководство на Иран. Пезешкијан и Калибаф во објави на платформата X изјавија дека „нема умерени и тврдокорни во Иран“.
„Сите ние сме Иранци и револуционери, и со железното единство на народот и владата, со целосна послушност кон Врховниот водач на револуцијата, ќе го натераме агресорот кој ги крши правилата да се покае за своите постапки“, рекоа тие, додавајќи: „Еден Бог, еден водач, еден народ, еден пат“.
Сличен став изрази и Ејеи, кој нагласи дека ваквите поделби се туѓи за Иран.
„Претседателот на САД треба да знае дека термините „тврдокорни“ и „умерени“ се бесмислени и неосновани концепти во западниот политички дискурс. Во Исламската Република Иран, сите групи и фракции се обединети под команда на Врховниот лидер“, заклучи Еџеи.
